Балканштина

Утрински ритуал појак од вашиот

Телефонот редовно го буди во три ноќе. Некогаш тоа му е рано, па го фрла телефонот од џам ама после се казнува со толку јака шамарчина, што некогаш паѓа во кома и клиничка смрт (три минути). „Таму горе“ го сретнува глас кој му вика „Врати се, можеш ти тоа“. Се буди и бидејќи обичниот мраз му е надминат, саат време лежи во сув мраз (- 78 целзиуса - н.з.). Следува лагана шетанција на релација Белград-Нови Сад. За пола саат е ваму-таму. Мртов-ладен.

Антонио, јак Антонио

Србија вади уште еден јак „персоналити“, чии фрази и реплики веќе стануваат рефрени по социјални мрежи. Посветен е на храна и бекријање по што оди на салатирање и чистење на организмот. Има глас ко Бери Вајт, јужњачки редуцирани падежи и кај него сè е јако и напукано: јаки кривини, јаки чуреви и фанови, јак разврат, јаки фудбалерски нозе... Елате да го запознаете Антонио.

Сакаме вака да остариме

Не го слушајте тој што лапрда коментирајќи ја сцената, тотално ја утнува поенатата... Што фали вака да е, под услов на старост да те држат нозете и да те држи главата? Рано сабајлечки на балкон даваш неколку јаки голчиња (или набаценки) и после влегуваш внатре, вртиш по утрински програми и прашуваш што ни е темата денес. Или од нигде никаде им ја запејуваш Еленор Ригби во програма. Цут.

Само во Белград ли да се лета?

Во еден скорешен напад на футуристичка епифанија, Александар Вучиќ најави дека до 2027-ма година во Србија ќе има летечки автомобили и таксија. Некои пакосно реагираа со предлог прво да смислат начин како на автобусите за јавен превоз да не им испаѓаат тркалата, ама оваа советничка (мислиме дека е Лесковац), сака нејзиниот град навреме да го фати „возот.“ Така е кога ќе летне пилето.