Македонски рулет

СДСМ, уф Гевгелија, кључут е пуд чергата

Не знаеме дали е точно дека човекот навистина е 25 години во СДСМ, ама јасно е дека поседува клучеви од нивните простории во Гевгелија и дека решил дека е време да го затвори дуќанот.

Гласач на денот

Три месеци не е излезен надвор.

Две недели не е станат од кревет.

Ама кога се работи за Македонија не постои сила што ќе го запрe,

Мојот татко херој.

Крупни лекции за ситни рачунџии

Предава: Љуљзим Фаризи
Слуша и учи: Љубиша Николовски

Гледајте одлив во Гостивар, Струга, Кичево, Желино, Врапчиште...

Бројот на регистрирани гласачи во одредени општини е поголем отколку резидентното населението попишано за време на пописот во тие општини во 2021. Ова укажува дека преку 200 илјади гласачи барем во 2021 живееле надвор од државава, со што стапката на излезеност во тие општини ќе биде очекувано мала.

Универзална е пеплосана? Не, немојте така...

Најжално е што истото го мислат и за државата: дека не е пеплосана туку дека изгорело само она старото.