Знаете дека ќе има „Face/Off“ втор дел?

Николас Кејџ веќе прифатил (а што не прифатил), а најново е дека се враќа и Џон Траволта.

Ова за Џон Траволта е сè уште гласина и целиот кастинг сè уште не е официјален - проектот се готви уште од 2021, кога се најави дека режисерот на „Годзила против Конг“, Адам Вингард ќе биде и тука ангажиран.

Чудното е што,

 

спојлер

 

ликот на Николас Кејџ умре во првиот дел, ама тоа никогаш не се покажало како доволно голем проблем за многу продолженија, па така и за ова. Поголем проблем е основата на филмот, односно, приказната, ако ви текнува, се базира на тоа дека Џон Траволта и Николас Кејџ ја имаат истата структура на лице, па според тоа можат да си ги сменат лицата.

Еднакво уверливо како нафташи што ги обучуваат во НАСА за да го спасат светот во „Армагедон“.

Но, добро, такви години беа тоа.

А да се навратиме на првиот проблем, ова е сепак приказна каде што луѓето можат да носат туѓи лица, па веројатно со таа финта ќе се игра.

„Мислам дека Face/Off е продолжение што може да добие многу пресврти и непредвидливост,“ има изјавено Кејџ за Колајдер, пред да се зафатат озбилно за вториот дел. „Ако ја земеш предвид идејата за потомство, и ако Кастор и Шон имаат деца, станува како тридимензионален шах, и тогаш не се само тие двајца, туку веќе четворица на различни нивоа и станува уште покомплексно. Мислам дека има многу плодна почва тука. Имав може еден состанок во канцеларија на темава, ама оттогаш не сум слушнал ништо ново.“

Разбирате ли, Face/Off бил тридимензионален шах.

Во март, Вингард сподели апдејт за проектот, дека е паузиран заради штрајкот во 2023, дека има нов сценарист и кога тоа ќе заврши, ќе го досредува сам, со партнерот Сајмон Барет. Во моментов знаеме само до таму, иако е можно да се почне многу брзо, кога веќе Кејџ и наводно Траволта се и двајцата додадени на проектот.

Првиот дел:

29 април 2024 - 00:00