- Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров го објави поширокиот список за бараж дуелите за СП 2025 со Фарските Острови.
- Во стручниот штаб ново име е легендарниот пикер на Вардар и Македонија, овој пат во улога на помошник тренер.
- Првиот натпревар го играме на 8 мај на гости со почеток од 20:00 часот, а реваншот во Скопје е закажан за 12 мај од 19:00 часот.
- Ова е четврти поранешен репрезентативец кој влегува во стручниот штаб на селекторот Кире Лазаров по Бранко Ангеловски, Ацо Јоновски и Филип Миркуловски.
- За помалку од еден месец започнува најголемиот фудбалски настан годинава - Европско првенство 2024 во Германија. Навивачите ќе уживаат во фудбалот, но многу познати фудбалски имиња ќе го пропуштат овој турнир од разни причини, што поради повреди, што поради тоа што нивните селекции не се пласираа на Евро 2024 што поради друго.
- Тибо Куртоа, Давид Алаба, Гави, Тонали, Халанд се меѓу другите...
- Манчестер Јунајтед стапил во контакт со Киран Мекена, Ирецот којшто на чудесен начин го внесе Ипсвич Таун во Премиер лига од втора лига.
- Киран Мекена уште од рана возраст се интересирал за разни тактички замисли и сакал да биде тренер. Рано завршил со играчка кариера поради повреди, па решил да учи за тренер.
- Пред шест-седум години тој бил дел од младинскиот систем на Манчестер Јунајтед, водел една млада генерација фудбалери, му бил и помошник на Оле Гунар Солскјер, а потоа бил тренер и на младинците на Тотенхем. Сезонава го одбил Кристал Палас на сред сезона да го замени Рој Хоџсон, решил да остане во Ипсвич и сензационално како втор на табела директно го внесе во Премиер лига.
- За Мекена бил заинтересиран и Брајтон во случај Де Ѕерби да замине во некој поголем клуб.