На  13 мај, Меѓународниот ден на миксологијата: што значи зборот „коктел“?

Денес под коктел се подразбира напиток кој се состои од еден или повеќе алкохоли помешани со други состојки, како овошен сок или сирупи. Но потеклото на зборот всушност нема никаква врска со пиење. 

Во раниот 17 век кок-тејл била придавка за опис на суштество со опашка како петел, убава и гордо исправена. Таа додуша потсмешливо се користела и за постари и нерасни коњи на кои опашката им била поткревана за да изгледа така грациозно со (сироти коњчиња) - чепчиња со ѓумбир! Бидејќи овие коњи биле сметани за невредни „мешанци“, коктел почнал да означува некаква мешавина, или поконкретно алкохолен пијалок кој „контаминиран“ од други течности губел на квалитет. 

Во печатените медиуми „коктел“ влегол во 1798 на страниците на лондонскиот весник „Морнинг пост“ во сатиричен коментар упатен кон тогашниот британски премиер Вилијам Пит Помладиот, во кој тој на луда забава им нуди на своите гости коктели со откачени имиња како „Совршена љубов“ или „Венерино масло“. 

Според друга легенда, терминот има врска со изумителката на коктелите, Кетрин Хастлер од село близу Њујорк. Госпоѓата позната и по својот прекар „Кити“ била сопственичка на кафана која служела тн. „француска понадица“ - вински алкохолен пијалок, со пердуви од петел во нив кои помагале да се меша пијалокот. 

На денешен ден, пак, 13 мај 1806 излегол одговор на прашање на читател на весникот The Balance and Columbian Repository, кој не знаел што значи зборот „коктел“ употребен во претходна статија. Уредникот му напишал нешто што е прва позната дефиниција: „Коктел е стимулативен пијалок составен од алкохол од каков и да е вид, шеќер, вода и битерски - вулгарно е наречен горчлива ластегарка бидејќи го поттикнува крвотокот и работата на срцето, а истовремено ја замаглува главата. Исто така се вели дека би бил одличен за еден демократски кандидат - ако некој може да голтне една чашка од него, тогаш може да голтне сè“.

Слушни претходно: епизода од подкастот Обични луѓе - „Теа, девојката со коктелите“

13 мај 2024 - 16:51