Архива

Спортинг е нов шампион на Португалија - Лисабон обоен во зелено

Фудбалерите на Спортинг Лисабон ја освоија 20. шампионска титула во нивната клупска историја откако сјајната сезона ја крунисаа синоќа со победа од 3:0 против Портимоненсе. Во меѓувреме и Бенфика изгуби па „лавовите“ и теоретски ја обезбедија па прославија титулата.

Феноменален гол на најголемиот талент во Јужна Америка

Индепендиенте дел Ваје со 1-0 го совладал Депортиво Куенка во Еквадор, а единствениот гол на мечот го постигнал чудесниот талент на Индепендиенте, Кендри Паез. Овој фудбалер на 4-ти мај пред неколку дена наполнил 17 години. Челси за него на почетокот на јуни минатата 2023-та година платил 10 милиони евра а Кендри Паез во Лондон ќе се пресели на лето 2025-та година.

Баер Леверкузен со петарда на гости стигна до 48-ми меч без пораз

Новиот германски шампион Баер Леверкузен продолжува да ја воодушевува светската фудбалска јавност, откако го совлада Ајнтрахт Франкфурт на гости 1-5 во 32. коло од Бундеслига и ја продолжи неверојатната серија.

Сјајниот Ненад Димитријевиќ цел на многу евролигашки клубови

Дваесет и шест годишниот репрезентативен плејмејкер ја игра кошарката на кариерата во последните пар сезони. Откако во 2022-ва од Валенсија се пресели во Русија, Димитријевиќ е прогласен за МВП на лигата и лани кога освои шампионска титула во првата сезона, а и сега е на добар пат да ја одбрани титулата во ВТБ лигата и доби МВП признание. Овие партии не минаа незабележително.

Букбокс гледаше: „Случајот Колини“ (2019)

Снимен врз основа на роман-бестселер на германски адвокат и потомок на високи нацистички функционери, филмот зборува за фиктивно судење за одмазничко убиство. Истовремено, тој открива еден малку познат факт од историјата на современа Германија - дека голем број од некогашните СС-овци и нацисти по војната тивко заземале позиции во власта и направиле сè нивните злодела од војната да застарат. 

Дома не се доседува, ни кога не е твоја

Во Џорџија дури минатиот месец бил потпишан закон дека е нелегално да упаднеш во туѓа куќа и таму да живееш, но тој закон ќе стапи на сила во јули. Во меѓувреме, уапсени се шестмина кои го направиле тоа, но не затоа што упаднале и пола година живееле во туѓа куќа од половина милион долари, туку затоа што украле кола од комшиката. Им здосадило на дечките.

Стефан Ристовски доби жестоки прозивки од навивачите на Ријека

Динамо Загреб имаше слаба сезона сè до моментот кога почнаа да бележат добри резултати а кулминацијата на нивната форма беше победата после пресврт на гости кај најголемиот ривал Ријека. Домаќините воделе 1-0 со голот на Марко Пјаца од пенал во 49-та минута а Динамо Загреб направил пресврт и победил 1-2 со погодоци на Бруно Петковиќ во 75-та и Арбер Хоџа во 89-та минута.

Голдман Сакс ги укина лимитите на бонусите за банкарите

Европската унија своевремено ги ограничи банкарските бонуси на максимум дупло од платата за да спречи ризици кои водеа до големата финансиска криза во 2008-ма година. Ослободени од европската регулатива, Голдман Сакс во Британија сега ги укинува тие лимити по што се очекува примерот да го следат и другите банки на островот. Вака им било пофлексибилно.