Со головите на Џака во 12-та, Шик во 44-та минута, Паласиос во 58-ма минута од пенал, Фримпонг во 77-ма и Бонифасе во 89-та минута, Леверкузен го растури Ајнтрахт Франкфурт 1-5 на гости.
Интересно, чешкиот плејмејкер Адам Хложек имаше дури четири асистенции на овој меч.
Со овој триумф Баер Леверкузен го израмни и неверојатниот рекорд на славната Бенфика од 1965-та година со 48 натпревари без пораз во сите турнири.
Овој рекорд кој датира од ХХ век траел од 22 декември 1963-та година до 7-ми февруари 1965-та година. Тоа се две најдобри серии во историјата на европскиот фудбал за клубови кои играле и во еврокуповите. 48 меча без пораз.
Баер Леверкузен постави и нов клупски рекорд со најмногу постигнати голови во Бундеслига откако стигнаа до 82 погодоци сезонава. Рекордот на Бундеслига по број на голови го држи Баерн Минхен од сезоната 1971/1972.
„Аспиринџиите“ имаат 40 победи и 8 нерешени во сите натпреварувања.
До крајот на сезоната Леверкузен го чекаат натпревари со Бохум на гости и дома со Аугзбург. Во меѓувреме ќе играат и во финале на германскиот Куп на 25-ти мај против Кајзерслаутерн и реванш меч од полуфинале на Лига Европа против Рома (Леверкузен има предност од 2:0 од првиот меч).
Чаби Алонсо не ја водеше екипата од клупата поради парни жолти картони но секако е задоволен од новото блескаво издание на тимот.
„Секако денес беше поинаку зошто јас седев на трибини. Остваривме добар резултат и одигравме многу професионално. Добро го почнавме мечот но после Франкфурт израмни, а ние поминавме 10 не баш добри минути. Во вториот дел добро се браневме и бевме ефикасни во напад. Моите помошници одлични ме заменија, сите денес сработеа класно“, рекол Чаби после дуелот со Ајнтрахт.