Едно интервју со Бети Дејвис

Вакви луѓе сè повеќе ни се трошат. Ова е Бети Дејвис, веќе возрасна, веќе со опасен булшит детектор (како да не ѝ бил опасен како помлада). Зборува за холивудскиот систем, за стареењето и мудроста и за нејзиниот изглед во однос на другите актерки што ги обликувале како „жени од соништата“.

Проблемот „маж или мечка“

Дилемата излегува од сите агли на интернетот, и многу е језива. Се прашуваат жени дали порадо би биле заглавени во шума со маж, или со мечка, и одговорот е секогаш - мечка. Зошто? Затоа што најлошо што може мечката да ти направи е да те убие. Сега, прочитајте го тоа уште еднаш.

Знаете дека ќе има „Face/Off“ втор дел?

Николас Кејџ веќе прифатил (а што не прифатил), а најново е дека се враќа и Џон Траволта.

Сега има луѓе што плаќаат над 600 долари за „помочани“ фармерки

По ново, модата е социјален експеримент, да се види кој е најголем идиот, друго објаснување нема.

Крајот на немите филмови значеше крај и за Карл Дејн

Силниот акцент е една од главните причини што толку многу ѕвезди на немите филмови пропаѓаат кога ќе се појави првиот аудио-дијалог.

Време е за кломпи

Многу мажи го читаат сајтов и они никогаш нема да ја разберат возбудата на враќање кломпи во мода. Враќање кломпи значи дека нема да треба да се копа по опскурни пазари во странски градови, да се најде нешто заборавено од некое друго време, а сепак ново - ќе ги има во мејнстрим продавници и по интернет и ќе има избор, и ќе бидеме како по папучи, ама дотерани и ќе можеме да ги пазариме во разни варијанти и најверојатно никогаш нема да дозволиме да излезат од мода. Поточно, мажите можеби нема да можат да сфатат додека не им посочиш дека е како еден ден да се разбудат и да биде во ред на работа да се носат - крокс.

За тие што мислат дека вештачката интелигенција е закана за уметниците

Анонимната објава е од група со наслов „Уметници против генеративна вештачка интелигенција“ и е сведоштво за тоа како ВИ не успева кога луѓето што ја користат не ги бива без неа.

Новиот тренд за романтични врски е „Благослови и пушти“

Крајно корисен. Нормално, почнува на ТикТок.

Тејлор Свифт со омаж за Клара Боу

Една песна од новиот албум на Тејлор Свифт, The Tortured Poets Department, е во чест на славната, често во погрешни улоги ангажирана хероина на американскиот феминизам, Клара Боу.

Девојче, а да го шутнеш?

Ултра-сељаштина скриена во навидум досадно видео со скриена камера за тоа колку луѓето се бесчувствителни.

Зошто се зумерите толку опседнати со „стари пари“?

Новата генерација што сега созрева е вљубена во класичните симболи на богатство - тегет блејзери, џемпери и стил како излезен од „Талентираниот г. Рипли“. Импликациите се комплицирани.

Како „Четири венчавки и погреб“ ја спаси кариерата на Хју Грант

За аудицијата на „Четири венчавки и погреб“ од 1994, Хју Грант донел снимка од кога стварно бил кум кај брат му на свадба.

Никогаш боса во Вегас

Толку многу жени од викендашите во Вегас завршуваат боси, што поради измачени стапала, што поради незнаење кога последен пат си ги виделе чевлите, што им смислиле - автомат за балетанки.

Неочекуваната придобивка на носењето високи штикли

Нова студија открива дека редовното носење високи штикли може да доведе до поефикасно одење на рамни чевли.

Напалениот монах и слободната калуѓерка

Не е ова обид да се разнебитат традиционалните вредности, туку многу популарна тема во уметноста од 16 до 18 век.

Ако рекламите за газирани сокови беа искрени

Зошто да не се напиете шише течен шеќер што има моќ да исчисти вц-школка?

Ако може кастинг-полицијата да оди во пензија, фала

Време е кастинг-директорите да престанат да ја слушаат полицијата за кастинг и да се вратат на ангажирање луѓе само затоа што ги бива за работата.

Колку е лошо да се карате пред децата?

Се разбира дека нема безгрешни по ова прашање. Работата е колкав проблем правите и како правилно да се дискутираат проблеми пред деца?

Да можете да доживеете историски момент од поп-културата, кој би бил тој?

Да слушнете еден одличен аргумент за тоа зошто би било врв да може прв пат да се доживее „Психо“ и тоа токму во времето кога е излезен и ниедно друго време.

Најсмртоносната градина на светот

Зад челични порти во Нортамберленд, Англија се крие Отровната градина каде што растат околу стотина „озлогласени убијци“.

Учиме за Пеги Гугенхајм

Пеги Гугенхајм е икона и една од најзанимливите и највлијателни личности во историјата на уметноста. Како поддржувач, човек од доверба, пријателка и љубовница на големите мајстори на современото уметничко движење, не ја ограничуваат општествените норми на јавниот и приватниот живот.

Дали сте слушнале за Мелусина?

Мелусина е интересен лик од европскиот фолклор, главно во француски, германски и англиски традиции. Легендата вели дека Мелусина била прекрасна жена со тајна: Секоја сабота се трансформирала во суштество - половина змија-половина жена, како резултат на пактот со ѓаволот што го направила мајка ѝ.