Кристоф Волц: „Со Брандо се претера“

Кристоф Волц коментира дека митологијата околу Марлон Брандо е веќе пресмешна и иритира.

Волц има против постхумното „осветување“ на Марлон Брандо.

„Сега му е 100-ти роденден. Две статии прочитав и и двете ме изнервираа, таа постхумна санктификација, да се прави митологија од него,“ рече Волц за магазинот Интервју. „Смешно е затоа што се преглумува.“

Потоа вели:

„На почетокот беше фантастичен. Никој немаше видено такво нешто.“

Неговата изведба во Missouri Breaks му е „тешка за гледање“, а додава и дека тоа што бил тежок за соработка на снимања и има обвиненија за неприкладно однесување на „Последното танго во Париз“, не му влијае на мислењето за Брандо како актер.

„Уверен сум дека актерството и бивањето ѕвезда се две различни професии. Можеш да си актер што е секогаш верен на самиот себе, на работата, на авторот. Тие што се невнимателни и неодговорни стануваат ѕвезди. Не стануваат ѕвезди заради работата.“

Марлон Брандо, колку и да му бил херој, веќе не може да го гледа. Незгодно му е.

И такви има еден тон луѓе, што од селебрити статус не ги забележуваме кога се просечни, па и потпросечни.

Сега на Волц му е малце срам:

„Кога имав околу 20, мислев дека Марлон Брандо е најјакото нешто на светот. Сега повеќето работи што ги има направено не можам да ги гледам. Ме јаде туѓ срам.“

Може треба да се провери изјавава со гледање нешто?

7 мај 2024 - 11:32