- Њујоркер ги собира документарните филмови кои ја имаат оформено уметноста на правењето филмови.
- Ричард Броди, задолжен за списокот, вели дека идејата за она што е документарец се има сменето во однос на тоа што било, или не било можно во последните сто години. Сепак, смета дека уметничките преокупации на креаторите се немаат радикално сменето за истото тоа време.
- Новите генерации не ги кршат „правилата“ на старите; наместо тоа, корените ги наоѓаат во филмови стари со децении, во кои истите идеи и практики се појавуваат во форми кои ја отелотворуваат врската на креаторот со она што го снима.
- Во дистопискиот расказ на Џ. Г. Балард, „Градината на времето“ кој беше инспирација за дрес-кодот оваа година, супер-богатите се кријат во луксуз, додека „небањатите“ креваат бунт. Така малку непријатно, како за тема за најголемиот моден настан во годината.
- Темата е избрана пригодно за изложбата на Институтот за костими Заспани убавици: Одново будење на модата, што е истражување на многу парчиња од архивите на Мет кои се станати премногу нежни за носење. Сега се реанимирани со технологија, ВИ и аудио и служат како метафора за фрагилноста на модата и како начин да се испитаат цикличните теми на преродувањето и обновувањето.
- Јавноста се фокусираше на метафоричната значајност на расказот, истакнувајќи го пак неговото истражување на тенденцијата на човештвото кон циклуси на создавање и уништување. И има некаква вистина во ова, но како намерно да игнорираат поочигледна поента - ова е расказ каде што последниот бастион на богатите ќе го прегази толпа од работничката класа.
- Која и да е причината, има една иронија во тоа да се влече инспирација токму овој расказ на Мет Гала.
- Брендот го има создадено во 1970 и оттогаш има развиено иновативен процес за принтање на кожа и тексас, градејќи глобален моден и лајфстајл бизнис со храбри анимал-принтови и накитени фармерки. Ако блескало, било проблематично за носење без да се вртат луѓе, а не било Версаче, Кавали било.
- Кавали доаѓа од семејство уметници - дедо му, Џузепе Роси бил водечка фигура во движењето Макијајоли, со дела изложени во галеријата Уфици во Фиренца.
- „Пловеше низ Медитеранот во неговата металик-виолетова јахта, со гости и селебрити-фаци, од кои многумина носеа Кавали по црвени теписи и никогаш не се плашеше гласно да каже што мисли, без разлика дали дискутираше минимализам или секс, или што е за него лоша мода.“