Во Германија се казнува за споделување факти

Поранешна Мис и фотомодел и сегашна локална лидерка на партијата АфД од Ротенбург во Долна Саксонија е прогласена за виновна и казнета со 6.000 евра. Нејзиниот грев? Цитирала статистички податоци за несразмерниот удел на дојденците од Авганистан во силувањата во земјата. Тоа да ти било поттикнување омраза и нетрпеливост.

Регионалниот суд во Верден ја потврди пресудата против лидерката на десничарската партија АфД во Ротенбург, Марија-Тереза Кајзер. Прогласена е за виновна за поттикнување омраза на етничка основа, конкретно против локалните дојденци од Авганистан.

Таа уште во 2021 се бунела против иницијативата на градоначалникот на Хамбург да прифати неколку стотина Авганистанци со наратив дека тие луѓе треба да бидат спасени од Талибанците. Притоа изразувала загриженост за неконтролираната имиграција и порастот на силувањата од бандите кои стануваат сè посилни.

Нејзиниот главен грев е што се повикала на статија од весник кој наведувал податоци за непропорционалниот удел на Авганистанци во случаите на силувања.

Интересно е што обвинителството не ги спорело наведените статистички податоци туку само тврдело дека тие биле „извадени од контекст.“

И првостепениот и регионалниот суд оцениле дека така се поттикнува омраза и нетрпеливост кон одредена етничка група, пренесува германскиот медиум Крајцајтунг.

п.с. Една минута откако ја споделивме оваа статија на Фејсбук:

7 мај 2024 - 08:18