Феноменален гол на најголемиот талент во Јужна Америка

Индепендиенте дел Ваје со 1-0 го совладал Депортиво Куенка во Еквадор, а единствениот гол на мечот го постигнал чудесниот талент на Индепендиенте, Кендри Паез. Овој фудбалер на 4-ти мај пред неколку дена наполнил 17 години. Челси за него на почетокот на јуни минатата 2023-та година платил 10 милиони евра а Кендри Паез во Лондон ќе се пресели на лето 2025-та година.

Кендри Паез веќе има 8 настапи и 1 гол за Еквадор, а за неговиот клуб Индепендиенте дел Ваје сезонава на 12 меча има 4 гола и 3 асистенции, со тоа што сезоната во Еквадор и во Копа Либертадорес почна неодамна.

Со Ендрик од Палмеирас кој ќе оди во Реал Мадрид во јуни важат за најголеми таленти на јужно-американскиот фудбал.

Кендри Паез исто постигна прекрасен гол сличен на овој, пред неколку дена против бразилски Палмеирас во Копа Либертадорес кога гол даде и Ендрик.

6 мај 2024 - 11:31