Круша под круша, Томи под Ласко, Џони под Ацо

Томи Џуровски (син на маестралниот Ласко) е еден од четирите рамноправни победници на натпреварот за илустрација што го организира Character Design Challenge. Право на учество на натпреварите што ги организира оваа организација имаат околу 300.000 нивни членови од целиот свет.

Илустрацијата на Томи со македонскиот овчар Стојан, облечен во традиционална македонска облека го освои светот.

Меѓу победниците има уште еден наш артист, Александар Џони-Шопов, дечко роден во Скопје а од 6 години преселен во Франција. Внук на македонскиот поетски великан Ацо Шопов.

Ова е неговата илустрација:

Тема на натпреварот беше: “Travelling Shepherd”.

7 мај 2024 - 07:27