На стадионот „Монтиливио“ во Џирона, екипата која е најголемо изненадување во Шпанија убедливо ја декласираше Барселона со 4:2 и има големи шанси да стане првата екипа од Каталонија која после сезоната 1941/1942 завршила пред Барса на табелата во Ла Лига.
Тогаш во таа далечна '41/'42 Еспањол завршил осми а Барселона дванаесетта. 81 сезона по ред Барса беше најдобро пласиран тим од Каталонија во шпанска Ла Лига.
Реал Мадрид неколку часа порано убедливо и очекувано го совлада Кадиз 3:0 со головите на Браим Диаз, Џуд Белингем и Хоселу.
Реал Мадрид после 34 кола има 87 бода, Џирона е втора со 74 а Барселона трета со 74 што значи дека „кралевите“ и теоретски, и математички ја освоија титулата. 36-та во клупската историја.
Барселона е далеку позади со 27 шампионски титули, 11 пехари има Атлетико Мадрид а сите останати помалку од 10. За последните 12 сезони Реал Мадрид четири пати беше шампион, но два пати по ред уште од 2007 и 2008 не се случило „кралевите“ да бидат прваци во Шпанија.
Реал игра сјајна сезона на сите полиња, па така има најмалку примени голови од сите во Ла Лига - само 22 на 34 натпревари. Реал има дури 18 меча без примен гол. Последен пат помалку голови „меренгес“ имаат примено во сезоната 1968/1969 (само 21 гол) но тогаш одиграле само 30 меча.
🙌 WE ARE THE LALIGA 2023/24 CHAMPIONS! 🙌 pic.twitter.com/Yo5QFw3SUO
— Real Madrid C.F. 🇬🇧🇺🇸 (@realmadriden) May 4, 2024
По број на постигнати голови (74 во моментов во Примера) Реал не е грандиозен каков што знаел да биде (на пример 121 погодок во 2011/2012), но затоа пак даваат гол на секој меч. Само еднаш одиграа 0:0 против Рајо Ваљекано кога блескаше македонскиот голман Столе Димитриевски.
Реал во сезоната 2019/2020 стана шампион со „само“ 70 постигнати голови.
„Кралевите“ имаат само еден пораз, и тоа од Атлетико Мадрид 3:1 минатиот септември минатата година. Од тогаш тимот на Карло Анчелоти има дури 28 натпревари без пораз.
🏆1932
— Real Madrid C.F. 🇬🇧🇺🇸 (@realmadriden) May 4, 2024
🏆1933
🏆1954
🏆1955
🏆1957
🏆1958
🏆1961
🏆1962
🏆1963
🏆1964
🏆1965
🏆1967
🏆1968
🏆1969
🏆1972
🏆1975
🏆1976
🏆1978
🏆1979
🏆1980
🏆1986
🏆1987
🏆1988
🏆1989
🏆1990
🏆1995
🏆1997
🏆2001
🏆2003
🏆2007
🏆2008
🏆2012
🏆2017
🏆2020
🏆2022
🏆𝟮𝟬𝟮𝟰#36Ligas