Арсенал порано во саботата го победи Борнмут со 3-0 и го сочува првото место пред Манчестер Сити кој има и меч помалку. „Топџиите“ имаат 83 бода, Манчестер Сити 82, а Ливерпул е трет со 75 и меч помалку од Арсенал.
Ерлинг Халанд се одлепи на листата најдобри стрелци во англиската Премиер лига откако во саботата вечер постигна 4 гола (2 од игра, 2 од пенал) против Вулверхемптон и сега Норвежанецот е апсолутно прв со 25 погодоци.
Вториот и третиот на листата, Александер Исак и Кол Палмер имаат по 20 гола, Оли Воткинс од Астон Вила има 19 а Соланке од Борнмут има 18.
До крајот Арсенал кој има 83 бода игра против Манчестер Јунајтед на гости (12.5) и Евертон дома (19.5), а Манчестер Сити (83 бода) игра против Фулам на гости (11.5), Тотенхем на гости (14.5) и Вест Хем (19.5).
Ова беше рекорден 43. натпревар на еден англиски клуб на домашен терен без пораз. Манчестер Сити има и неверојатна серија од 21 меч без пораз во најсилната лига на светот.
Од 6-ти декември кога изгубија од Астон Вила на гости во Бирмингем 1:0, „граѓаните“ победија дури 17 различни ривали и одиграа нерешено со Кристал Палас, Челси и Ливерпил и со Арсенал.
За шампионска титула, четврта по ред во Премиер лига ќе им треба до крај да победат се во случај секаде да триумфира и Арсенал кој за некое чудо има подобра гол-разлика од момците на Пеп Гвардиола.