Нова забава од лидерот на Њујорк, со 43 поени ги водеше Никс до триумф

Кошаркарите на Њујорк Никс ја совладаа Индијана Пејсерс 121:117 во првиот полуфинален меч од серијата на Истокот. Џејлен Брансон одигра уште една импресивна партија и беше најзаслужен за победата со 43 поени, шест скока и шест асистенции. Ова е четврти натпревар по ред во плејофот на кој Брансон уфрла најмалку 40 поени - нешто што му тргнало од рака само на Мајкл Џордан.

Покрај Брансон одлична вечер имаа и Дивинченцо со 25 поени, Харт со 24 поени, 13 скока и осум асистенции, Ануноби даде 13 а Хартенштајн исто 13.

Кај поразените Пејсерс, Тарнер постигна 23 поени, Паскал Сијакам 19 а Меконел 18 поени. Во култната сала „Медисон Сквер Гарден“ имаше одлична кошарка но и лошо судење на кое се пожалија и двата тима. Њујорк е домаќин и на следниот натпревар меѓу среда и четврток во 2 часот после полноќ.

Денвер и Јокиќ декласирани со 26 поени разлика

Ол стар шоу забивања на Индијана

7 мај 2024 - 09:23