Абердин го декласираше Хибернијан на гости со 0:4, натпревар на кој Бојан Миовски го постигна својот 16-ти лигашки погодок, вкупно 26-ти сезонава. Го помина Орајли од Селтик и сега е осамен на третата позиција. Абердин е на 7-ма позиција и до крај игра уште со Ливингстон и Рос Каунти.
Само четири дена откако го сместија во тимот на сезоната, пристигна ново признание за македонскиот центарфор кој ја игра сезоната на кариерата во Шкотска.
Македонската фудбалска репрезентација термините за пријателски ќе ги искористи за тест средби против Молдавија (22.03) и Црна Гора (25.03), кои ќе се одиграат во Анталија. Нашиот центарфор, Бојан Миовски кој ја игра најдобрата сезона во кариера со вкупно 22 гола за Абердин, ги истакнува важноста на овие собири и се надева дека ќе му тргне голгетерски и во националниот тим.
Македонскиот центарфор кој растура со голови во Шкотска, до толку станува популарен, што и во концертни сали почнаа да го респектираат. Како гостин во публика го најави нашиот пијанист Симон Трпчевски, кој одржа концерт токму во Абердин.
Во јуни минатата година го напушти не баш популарниот унгарски шампионат и веднаш стана име во Шкотска и незаменлив на позиција 9. Во првата сезона блесна со 18 гола, а во оваа веќе има 14. Не се дочитуваат позитивните коментари за него. Некои го сметаат и за најдобар шпиц во лигата, а меѓу нив и тренерот на Ливингстон, Дејвид Мартиндејл во изјава за клупскиот канал откако им направи пресврт со два комада.
Шкотска дефинитивно се покажа како идеална средина за македонскиот центарфор кој решета скоро на секој натпревар. На конто сезонава има 14 гола на сите натпреварувања од кои 8 во првенство.
Нов гол на Бојан Миовски, број 6 во првенство и вкупно 12 сезонава на сите натпреварувања. Овој пат за иразмнување против Хартс на 1:1 во 53-та минута, по што Кларксон погоди во 92-ра минута за комплетен пресврт и победа од 2:1 за Абердин.
Абердин има изненадувачки 1:0 против фаворитот Глазгов Ренџерс по првите 45 минути во шкотскиот шампионат. Домашните навивачи ги фрли во делириум Миовски со гол во 11 минута, негов петти во првенство и 11-ти на сите натпреварувања. Абердин е 9-ти на табела, а 55 кратниот првак на Шкотска е втор.
Македонскиот напаѓач не застанува и стигна до гол број 10 сезонава во Шкотска на сите натпреварувања. Абердин ќе игра финале во Лига Купот откако го совлада Хибернианс со 0:1 со голот на Миовски во 78-ма минута, кој го претрча пола терен и го матираше голманот за голема победа.
По Лига на шампиони и Лига Европа извлечени се паровите и за третото по ранг клупско европско натпреварување. Претставници имаат Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Косово, Бугарија, Грција. Ние ниту еден.
Македонскиот репрезентативец во голем голгетерски стил ја стартува новата сезона, а тоа треба најмногу да го радува селекторот Боби Милевски, кого го очекува дуел со европскиот првак Италија на 9 септември во Скопје.
Бојан Миовски и втората сезона за Абердин ја стартува фантастично и набрзина стигна до 4 гола и 2 асистенции. На гостувањето во Лига Европа му направија изненадување.
Радува голгетерската форма на Бојан Миовски во пресрет на квалификациските натпревари на Македонија во септември. По погодокот против Селтик во првенство, стрелаше и во осминафиналето од Лига Купот против Стирлинг на гости кое Абердин го доби со 1:2.
Бојан Миовски се врати на старите навики во шкотскиот фудбалски шампионат и даде гол за Абердин уште во второто коло од новата сезона. Мета му беше големиот Селтик против кој го израмни резултат во 25-та минута. Актуешниот првак на Шкотска сепак на крајот славеше со 1:3.
Абердин како третопласиран прослави голема победа од 2:0 над второпласираниот Глазгов Ренџерс. На голгетерското мени на македонскиот репрезентативец дојде на ред и 55 кратниот шкотски првак. Бојан Миовски го постигна вториот гол на мечот со мајсторска реакција во шеснаесетник и го запиша својот 16-ти гол сезонава.