- По повод меѓународниот ден на жената, 8 март, Викимедија МКД организираше уредувачки маратoн. Тој беше составен од неколку настани кои се одржаа на 7 март 2024 година со заеднички напори и труд на македонската вики-заедница. Темата на овогодинeшниот уредувачки осмомартовски маратон беше „Жената низ историјата“.
- Покрај ова, Викимедија МКД организираше и два настана кои истовремено се одржаа во два различни града во Македонија. Членовите на Вики клубот од гимназијата „Јосип Броз“ од Скопје во Музејот на македонската борба одржаа предавање за значајни жени во македонската историја, по што следеше заедничко уредување на зададената тема. Другиот настан беше во градската библиотека во Велес. Членовите на Вики клубот од Велес заеднички уредуваа и ја збогатуваа Википедија на македонски јазик со статии за познајачни жени од светот.
- Крајниот исход на овогодинашниот уредувачки осмомартовски маратон е 52 нови и подобрени статии од страна на 24 различни корисници на Википедија.
- Канадската писателка и добитничка на Нобеловата награда Алис Манро, почина на 92-годишна возраст во старечки дом во Онтарио. Таа страдаше од деменција повеќе од една деценија.
- Наречена „титан на кратката проза“ и „канадски Чехов“, Манро извршила револуција во архитектурата на кратките раскази. Објавила 14 збирки со кои во 2013 станала првиот добитник на Нобелова за книжевност од Канада.
- Последната книга, „Драг животе“, е излезена во 2012, а дел од расказите се автобиографски. Велела дека туѓите, лошо напишани книги, ја инспирирале, знаејќи дека може подобро. Покрај Нобеловата има добиено и Букер, како и канадската награда Гилер, за „Блуз од мешана крв“.
- Вчера, 12 мај, беа доделени британските телевизиски награди БАФТА. Најголемо изненадување беше признанието за Тимоти Спал за главна машка улога (за серијата „Шестата заповед“). Во својата категорија тој ги победи Брајан Кокс за „Сксешн“ и Доминик Вест за „Круната“.
- „Шестата заповед“ доби БАФТА и како мини-серија. Најдобра драмска серија е „Top Boy“ (Нетфликс), а меѓународна серија „Class Act“ (Нетфликс), во силна конкуренција на „The Bear“, "The Last of Us" и "Succession". Серијата за британското кралско семејство не доби ниту една од наградите за коишто беше номинирана - четири актерски и уште неколку во другите категории.
- БАФТА за најдобро реално шоу доби „Сквид гејм: предизвикот“, а за настан во живо минатогодишниот Евровизиски пренос од Ливерпул.