- „Песната на пророкот“ (Prophet Song), дистописката визија на Ирска зафатена од тоталитаризам, е добитник на Букеровата награда за 2023 година. Романот е напишан од 46-годишниот ирски писател Пол Линч, кој за првпат ја добива оваа престижна книжевна награда.
- Ова е петти роман на Линч, кој го подготвувал во период од четири години, инспириран од Сириската војна и бегалската криза.
- Покрај неговиот роман во потесната конкуренција за наградата оваа година беа и „Убод од пчела“ (The Bee Sting) на Пол Мареј, „Западна уличка“ (Western Lane) од Четна Мару, „Овој друг рај“ (This Other Eden) од Пол Хардинг, „Ако те преживеам“ (If I Survive You) од Џонатан Ескофери и „Студија за послушноста“ (Study for Obedience) од Сара Бернстајн.
- Канадската писателка и добитничка на Нобеловата награда Алис Манро, почина на 92-годишна возраст во старечки дом во Онтарио. Таа страдаше од деменција повеќе од една деценија.
- Наречена „титан на кратката проза“ и „канадски Чехов“, Манро извршила револуција во архитектурата на кратките раскази. Објавила 14 збирки со кои во 2013 станала првиот добитник на Нобелова за книжевност од Канада.
- Последната книга, „Драг животе“, е излезена во 2012, а дел од расказите се автобиографски. Велела дека туѓите, лошо напишани книги, ја инспирирале, знаејќи дека може подобро. Покрај Нобеловата има добиено и Букер, како и канадската награда Гилер, за „Блуз од мешана крв“.
- Вчера, 12 мај, беа доделени британските телевизиски награди БАФТА. Најголемо изненадување беше признанието за Тимоти Спал за главна машка улога (за серијата „Шестата заповед“). Во својата категорија тој ги победи Брајан Кокс за „Сксешн“ и Доминик Вест за „Круната“.
- „Шестата заповед“ доби БАФТА и како мини-серија. Најдобра драмска серија е „Top Boy“ (Нетфликс), а меѓународна серија „Class Act“ (Нетфликс), во силна конкуренција на „The Bear“, "The Last of Us" и "Succession". Серијата за британското кралско семејство не доби ниту една од наградите за коишто беше номинирана - четири актерски и уште неколку во другите категории.
- БАФТА за најдобро реално шоу доби „Сквид гејм: предизвикот“, а за настан во живо минатогодишниот Евровизиски пренос од Ливерпул.