- 66-тото издание на наградите Греми се одржа на 4 февруари, по 21 пат во Крипто.ком Арената во Лос Анѓелес. По четврти пат водител беше Тревор Ноа.
- Во речиси сите категории доминираа жени, вклучително за најдобра поп изведба и албум на годината каде добитничка беше Мајли Сајрус, песна на годината на Били Ајлиш, најдобра нова уметница Викторија Монте и најдобар кантри албум на Лејни Вилсон. Сепак, победничка на вечерта е Тејлор Свифт, која го доби признанието за најдобар поп вокален албум и албум на годината за „Миднајтс“. Таа е сега единствениот уметник кој четири пати има добиено награда за албум на годината.
- На сцената се појави 80-годишната Џони Мичел, а беше промовиран и прв сингл по 17 години на Били Џоел. Како изненадување на вечерта, се појави и Селин Дион, која поради својата болест одамна не беше видена во јавноста.
- Канадската писателка и добитничка на Нобеловата награда Алис Манро, почина на 92-годишна возраст во старечки дом во Онтарио. Таа страдаше од деменција повеќе од една деценија.
- Наречена „титан на кратката проза“ и „канадски Чехов“, Манро извршила револуција во архитектурата на кратките раскази. Објавила 14 збирки со кои во 2013 станала првиот добитник на Нобелова за книжевност од Канада.
- Последната книга, „Драг животе“, е излезена во 2012, а дел од расказите се автобиографски. Велела дека туѓите, лошо напишани книги, ја инспирирале, знаејќи дека може подобро. Покрај Нобеловата има добиено и Букер, како и канадската награда Гилер, за „Блуз од мешана крв“.
- Вчера, 12 мај, беа доделени британските телевизиски награди БАФТА. Најголемо изненадување беше признанието за Тимоти Спал за главна машка улога (за серијата „Шестата заповед“). Во својата категорија тој ги победи Брајан Кокс за „Сксешн“ и Доминик Вест за „Круната“.
- „Шестата заповед“ доби БАФТА и како мини-серија. Најдобра драмска серија е „Top Boy“ (Нетфликс), а меѓународна серија „Class Act“ (Нетфликс), во силна конкуренција на „The Bear“, "The Last of Us" и "Succession". Серијата за британското кралско семејство не доби ниту една од наградите за коишто беше номинирана - четири актерски и уште неколку во другите категории.
- БАФТА за најдобро реално шоу доби „Сквид гејм: предизвикот“, а за настан во живо минатогодишниот Евровизиски пренос од Ливерпул.