- Петдневната работилница ќе се одржи на 16, 17, 18, 22 и 23 јануари, а наменета е за млади од 15 до 19 години.
- Локацијата на работилницата е во „Лабораториум“ (поранешна печатница на „Нова Македонија“), а од организаторите „Duma in suma“ велат дека наместо гласник, праќаат формулар до млади кои сакаат да се пријават на работилницата под менторство на компаратистките Ивана Смилевска и Марија Бошковска, со помош на гостинката-менторка од Босна и Херцеговина, Хана Чурак.
- Од неформалното здружение за култура истакнуваат дека на работилницата ќе се анализира поврзаноста меѓу Заспаната убавица и Цепенков, потеклото на Пепелашка, а ќе може да се слушнат и историите на македонски хероини кои со својот пркос придонеле кон едукативен, ослободителен и емпатичен развој во локален контекст.
- Канадската писателка и добитничка на Нобеловата награда Алис Манро, почина на 92-годишна возраст во старечки дом во Онтарио. Таа страдаше од деменција повеќе од една деценија.
- Наречена „титан на кратката проза“ и „канадски Чехов“, Манро извршила револуција во архитектурата на кратките раскази. Објавила 14 збирки со кои во 2013 станала првиот добитник на Нобелова за книжевност од Канада.
- Последната книга, „Драг животе“, е излезена во 2012, а дел од расказите се автобиографски. Велела дека туѓите, лошо напишани книги, ја инспирирале, знаејќи дека може подобро. Покрај Нобеловата има добиено и Букер, како и канадската награда Гилер, за „Блуз од мешана крв“.
- Вчера, 12 мај, беа доделени британските телевизиски награди БАФТА. Најголемо изненадување беше признанието за Тимоти Спал за главна машка улога (за серијата „Шестата заповед“). Во својата категорија тој ги победи Брајан Кокс за „Сксешн“ и Доминик Вест за „Круната“.
- „Шестата заповед“ доби БАФТА и како мини-серија. Најдобра драмска серија е „Top Boy“ (Нетфликс), а меѓународна серија „Class Act“ (Нетфликс), во силна конкуренција на „The Bear“, "The Last of Us" и "Succession". Серијата за британското кралско семејство не доби ниту една од наградите за коишто беше номинирана - четири актерски и уште неколку во другите категории.
- БАФТА за најдобро реално шоу доби „Сквид гејм: предизвикот“, а за настан во живо минатогодишниот Евровизиски пренос од Ливерпул.