- Филмот „Опенхајмер“ на Кристофер Нолан доби Оскар за најдобар филм. Тој освои вкупно седум признанија: самиот Нолан ја доби наградата за најдобар режисер, Килијан Марфи беше награден како најдобар машки актер, а Роберт Дауни Џуниор ја доби наградата за најдобра споредна машка улога. Филмот имаше 13 номинации за Оскар, повеќе од која било друга продукција.
- Акцент на вечерта беше присуството на голем број наградувани, легендарни актери на едно место, кои ги презентираа признанијата; настапот во живо на Рајан Гослинг со песната „Јас сум само Кен“ (во придружба на гитаристот Слеш), како и присуството на специјален гостин - кучето Меси од „Анатомија на падот“.
- Ал Пачино го расипа прогласувањето на најдобриот филм со тоа што пропушти да ги најави сите кандидати туку директно го отвори ковертот со победникот.
- Канадската писателка и добитничка на Нобеловата награда Алис Манро, почина на 92-годишна возраст во старечки дом во Онтарио. Таа страдаше од деменција повеќе од една деценија.
- Наречена „титан на кратката проза“ и „канадски Чехов“, Манро извршила револуција во архитектурата на кратките раскази. Објавила 14 збирки со кои во 2013 станала првиот добитник на Нобелова за книжевност од Канада.
- Последната книга, „Драг животе“, е излезена во 2012, а дел од расказите се автобиографски. Велела дека туѓите, лошо напишани книги, ја инспирирале, знаејќи дека може подобро. Покрај Нобеловата има добиено и Букер, како и канадската награда Гилер, за „Блуз од мешана крв“.
- Вчера, 12 мај, беа доделени британските телевизиски награди БАФТА. Најголемо изненадување беше признанието за Тимоти Спал за главна машка улога (за серијата „Шестата заповед“). Во својата категорија тој ги победи Брајан Кокс за „Сксешн“ и Доминик Вест за „Круната“.
- „Шестата заповед“ доби БАФТА и како мини-серија. Најдобра драмска серија е „Top Boy“ (Нетфликс), а меѓународна серија „Class Act“ (Нетфликс), во силна конкуренција на „The Bear“, "The Last of Us" и "Succession". Серијата за британското кралско семејство не доби ниту една од наградите за коишто беше номинирана - четири актерски и уште неколку во другите категории.
- БАФТА за најдобро реално шоу доби „Сквид гејм: предизвикот“, а за настан во живо минатогодишниот Евровизиски пренос од Ливерпул.