На пет месеци до американските претседателски избори, поранешниот претседател и повторeн кандидат за таа позиција оценува дека дотогаш може да избие Трета светска војна заради некомпететноста на американското водство.
„Со вакви идиоти какви што сега ни ја водат земјата, нема да останат многу луѓе бидејќи моќта на денешното оружје е страотна,“ порача Трамп.
Тој повтори дека ни руско-украинската војна ни она што се случува на Блискиот исток немало да се случат доколку тој бил на кормилото на САД.