Не знаеме дали е точно дека човекот навистина е 25 години во СДСМ, ама јасно е дека поседува клучеви од нивните простории во Гевгелија и дека решил дека е време да го затвори дуќанот.
Петтооделенецот Алексеј Белевски од музичкото училиште од Битола, на меѓународен натпревар по класично пијано во Њујорк, освои прва награда во силна конкуренција на учесници од 16 држави.
Томи Џуровски (син на маестралниот Ласко) е еден од четирите рамноправни победници на натпреварот за илустрација што го организира Character Design Challenge. Право на учество на натпреварите што ги организира оваа организација имаат околу 300.000 нивни членови од целиот свет.