- Сите го осетивме вонсериското влијание на денот кога излегоа „Барби“ и „Опенхајмер“, ама никој повеќе од една Барбара Опенхајмер. Да, така се вика. Таткото на сопругот на Барбара му е трет братучед на Џ. Роберт Опенхајмер, па од таму и презимето, плус да не забораваме дека целото име на куклата Барби е Барбара.
- Во интервју за Слејт зборува како ѝ влијаело Барбенхајмер-летото:„Пријатели од факултет од цел свет ми пишуваа тој викенд. Многу е смешно! Брилијантно беше што заедно ги пуштија. Луѓето се вратија во кино.“
- Биле да го гледаат „Опенхајмер“ за да видат како е истретирана приказната, а две недели подоцна и на Барби и двата филма ги воодушевиле на различен начин.
- Летово на одмор кога дошла во хотелот и пробала да се чекира со име и презиме, рецепционерот ја прашал дали го заебава нешто.
- Ни се заканува нешто што се вика кафе-апокалипса. Некои истражувања покажуваат дека климатските промени влијаат на места каде што се одгледува кафе и дека до 2050, ќе има помалку од половина од залихите што ги имаме сега.
- Жешките температури ги прават растенијата поранливи на штетници и други закани. Во исто време, сè повеќе се бара кафе во светот.
- Во обид да се одложи ова, има научници што работат на нови, поиздржливи зрна, што би нè спасиле од овие проблеми - растат клетки од кафе во лабораторија, наместо на дрва. Други бараат замени и одржливи состојки, а додаваат кофеин, заради ефектот.
- Во дистопискиот расказ на Џ. Г. Балард, „Градината на времето“ кој беше инспирација за дрес-кодот оваа година, супер-богатите се кријат во луксуз, додека „небањатите“ креваат бунт. Така малку непријатно, како за тема за најголемиот моден настан во годината.
- Темата е избрана пригодно за изложбата на Институтот за костими Заспани убавици: Одново будење на модата, што е истражување на многу парчиња од архивите на Мет кои се станати премногу нежни за носење. Сега се реанимирани со технологија, ВИ и аудио и служат како метафора за фрагилноста на модата и како начин да се испитаат цикличните теми на преродувањето и обновувањето.
- Јавноста се фокусираше на метафоричната значајност на расказот, истакнувајќи го пак неговото истражување на тенденцијата на човештвото кон циклуси на создавање и уништување. И има некаква вистина во ова, но како намерно да игнорираат поочигледна поента - ова е расказ каде што последниот бастион на богатите ќе го прегази толпа од работничката класа.
- Која и да е причината, има една иронија во тоа да се влече инспирација токму овој расказ на Мет Гала.