- Николов кој беше стандарден репрезентативец и дел од историскиот успех на Македонија, потоа дел од тимот на Милевски кој ја урна Италија во Палермо, а претходно и капитен на У-21 која се пласираше на ЕП, не добива повеќе репрезентативни повици.
- Сезонава има 22 средби за Кишварда од Унгарија, 3 гола и 3 асистенции, а за Македонија 49 настапи и 4 гола.
- „Во разговор со селекторот, тој ми соопшти дека не сум бил избришан од неговата глава зошто играм добро, но дека во моментов не сум бил дел од неговиот концепт. Интересно е што бев дел од концептот за големата победа против Италија во Палермо, што е навистина чудно“.
- „Концептот и резултатите на селекторот нека ги суди јавноста, јас нема да се мешам, но само сакам јавно да го изразам моето незадоволсто и разочарување како играч кој бил дел од историските достигнувања на нашата репрезентација“, вели борецот од среден ред во изјава за Спорт1.
- Уште еден немил настан се случи во македонскиот спорт откако синоќа по крајот на мечот меѓу МЗТ Скопје и КК Пелистер, автобусот кој ги превезувал навивачите од Битола, пред излезот од Скопје бил брутално каменуван.
- Повредени биле неколку лица, инцидентот се случил по 22:00 часот. КК Пелистер преку соопштение изјави дека „се згрозени од инцидентот и го осудуваат истиот кој го доживеале навивачите од Битола „Чкембари“.
- „Се прашуваме зошто веќе по којзнае кој пат се случуваат вакви и слични инциденти кога гостуваат битолските навивачи на натпревари во кошарка, ракомет и фудбал?“, велат од битолскиот прволигаш.
- МЗТ Скопје славеше 82:77 и стигна до првата победа во финалната серија против Пелистер. Вториот натпревар се игра исто во Скопје, за три дена.
- Дваесет и осум годишниот германски стопер од Борусија Дортмунд многу лесно може да биде продаден. Од клубот наводно не биле задоволни од неговата физичка подготвеност, односно од вишокот килограми.
- Зуле е поранешен фудбалер на Баерн Минхен за кого играше од 2017 до 2022 а за Германија има 49 настапи.
- Тој со 11 милиони евра годишна плата е најскапо платен фудбалер во финалистот на Лига на шампиони, соопштува германски Скај Спорт.