- Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија донесе одлука завршницата на Купот на Македонија во женска и машка конкуренција да се игра во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“.
- Фајнал Форот односно полуфиналните средби и финалето ќе се играат од 17-ти до 19-ти мај. На завршниот турнир кај мажите ќе играат Вардар 1961, Еурофарм Пелистер, Тиквеш и Алкалоид. Кај дамите место во полуфинале обезбедија ЖРК Куманово, ЖРК Ѓорче Петров, ЖРК Чаир и ЖРК Вардар.
- Уште еден немил настан се случи во македонскиот спорт откако синоќа по крајот на мечот меѓу МЗТ Скопје и КК Пелистер, автобусот кој ги превезувал навивачите од Битола, пред излезот од Скопје бил брутално каменуван.
- Повредени биле неколку лица, инцидентот се случил по 22:00 часот. КК Пелистер преку соопштение изјави дека „се згрозени од инцидентот и го осудуваат истиот кој го доживеале навивачите од Битола „Чкембари“.
- „Се прашуваме зошто веќе по којзнае кој пат се случуваат вакви и слични инциденти кога гостуваат битолските навивачи на натпревари во кошарка, ракомет и фудбал?“, велат од битолскиот прволигаш.
- МЗТ Скопје славеше 82:77 и стигна до првата победа во финалната серија против Пелистер. Вториот натпревар се игра исто во Скопје, за три дена.
- Дваесет и осум годишниот германски стопер од Борусија Дортмунд многу лесно може да биде продаден. Од клубот наводно не биле задоволни од неговата физичка подготвеност, односно од вишокот килограми.
- Зуле е поранешен фудбалер на Баерн Минхен за кого играше од 2017 до 2022 а за Германија има 49 настапи.
- Тој со 11 милиони евра годишна плата е најскапо платен фудбалер во финалистот на Лига на шампиони, соопштува германски Скај Спорт.