- Бобан Илиоски славеше со судиска одлука против Турчинот Берк Дузенли и стана професионален светски првак во кикбокс на ВАКА ПРО, во дисциплината К1 до 88,6 килограми.
- Илиоски и Дузенли во салата „Јане Сандански“, разменија многу удари, двајцата имаа успешни акции, но нашиот ас воден и бодрен од публиката и навивачката група „Комити“ сепак го имаше последниот збор и успеа да слави над актуелниот светски аматерски првак.
- Инаку Бобан Илиоски беше прогласен за спортист на годината за 2023 година.
- Фарски Острови беше подобар противник и заслужено победи. Ни направија многу проблеми и во нашиот напад каде бевме приморани да играме „седум на шест“ доста време, а не сакавме да играме на тој начин.
- Нивниот напад беше технички скоро перфектен, иако бевме спремни за нивниот систем на напаѓање, сепак истите работи поминуваа.
- Нема да губиме надеж и ќе веруваме до крај. Имаме неколку дена да се консолидираме и да пробаме да ја анлуираме негативата од седум гола.
- Прочуениот македонски кардиолог Сашко Кедев утрото на Велигден се качил на врвот Макалу висок 8.485 метри, петтиот највисок врв на светот и стана првиот Македонец кој го искачи овој врв.
- Успешната експедиција била составена од четворица меѓународни алпинисти и петмина шерпаси. Кедев одел со искусниот Кили Пемба Шерпа.
- Планинарското резиме на проф. д-р Сашко Кедев е импресивно: со Макалу (8.485 метри надморска висина), има вкупно 10 од 14-те „осумилјадарки“. Кедев претходно ги качи Монт Еверест (8.848), Нанга Парбат (8.126 метри), Анапурна (8.091), Чо Оју (8.188), Броуд Пик (8.051), К2 (8.611), Далагири (8.167), Манаслу (8.163) и Лоце (8.516).