- Деталните анализи на топографските карти и на дигиталните релјефни модели покажаа дека во Македонија има 45 истакнати планински врвови кои се издигаат над 2500 метри надморска височина. Од нив, најголем број се на Шар Планина (30) и на планината Кораб (11).
- Пелистер (Баба Планина) има само 2 врва повисоки од 2500 м и тоа врвот Пелистер (2601) и Широка (2548 м). По еден планински врв над 2500 м имаат уште Јакупица (Мокра), со највисокиот врв Солунска Глава (2539 м) и Ниџе со највисокиот врв Кајмакчалан (2520 м).
- Дури 32 имаат надморска височина помеѓу 2500 и 2600 метри. Девет врвови се високи помеѓу 2600 и 2700 метри, од кои 6 на Шар Планина, 2 на Кораб и еден на планината Пелистер. Останатите 4 врвови се највисоките во Република Македонија и се издигаат преку 2700 м. Тоа се Голем Кораб (2753 м), Титов Врв (2748 м), Бакрдан (2704 м) и Турчин (2702 м).
- Уште еден немил настан се случи во македонскиот спорт откако синоќа по крајот на мечот меѓу МЗТ Скопје и КК Пелистер, автобусот кој ги превезувал навивачите од Битола, пред излезот од Скопје бил брутално каменуван.
- Повредени биле неколку лица, инцидентот се случил по 22:00 часот. КК Пелистер преку соопштение изјави дека „се згрозени од инцидентот и го осудуваат истиот кој го доживеале навивачите од Битола „Чкембари“.
- „Се прашуваме зошто веќе по којзнае кој пат се случуваат вакви и слични инциденти кога гостуваат битолските навивачи на натпревари во кошарка, ракомет и фудбал?“, велат од битолскиот прволигаш.
- МЗТ Скопје славеше 82:77 и стигна до првата победа во финалната серија против Пелистер. Вториот натпревар се игра исто во Скопје, за три дена.
- Дваесет и осум годишниот германски стопер од Борусија Дортмунд многу лесно може да биде продаден. Од клубот наводно не биле задоволни од неговата физичка подготвеност, односно од вишокот килограми.
- Зуле е поранешен фудбалер на Баерн Минхен за кого играше од 2017 до 2022 а за Германија има 49 настапи.
- Тој со 11 милиони евра годишна плата е најскапо платен фудбалер во финалистот на Лига на шампиони, соопштува германски Скај Спорт.