По кусо боледување, на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди, но исто така беше познат како „крал на местенките“ во фудбалот, нешто што самиот никогаш не го криеше и отворено зборуваше за тоа.
Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена се само некои од музичките ѕвезди со кои соработуваше Џаровски и на кои им организираше турнеи. Своевремено има изјавено дека организирал 5.000 концерти и бројни турнеи во повеќе од тридецениската кариера како менаџер.
Џаровски остави силен впечаток и во југословенскиот фудбал, каде што, како што самиот призна, наместил повеќе од 80 натпревари во сите рангови на натпреварување, оставајќи зад себе легендарни приказни за тоа.
„Ракот и јас“ е наслов на последната објава на блогот на Ведрана Рудан во кој открива дека има рак и дека престанува да пишува на блогот за да се посвети на лекувањето.
„Денес престанувам да пишувам на блогот бидејќи ќе се посветам на лекувањето и ќе напишам книга за тоа. Кога автор на книга пишува за фазите на двоето умирање, тоа се чита како лудо“.
„Додуша, тие книги имаат смисла само кога авторот ќе умре, сè друго не е напнато. За жал, не можам да ви кажам дали ќе умрам, сигурна сум дека шанси постојат,“ пишува хрватската легенда со остар јазик.
Агим Красниќи, Бесим Красниќи, Сехат Рамадани и Фадиљ Точи биле уапсени во Урошевац. Станува збор за луѓе од кондовската група која долго време беше страв и трепет во скопско.
Бесим Красниќи се бара за издржување на вкупно 28 и пол години затвор за серија на кривични дела, а Фадиљ Точи треба да издржи 41 година и 7 месеци за 10 кривични дела.
Красниќи и Рамадани се во бегство од февруари во 2020 година, кога не се вратија во штипскиот затвор по слободен викенд, иако имаа да издржат уште околу три години од вкупно 15 години затвор.
На оние кои проценија дека треба да им се даде слободен викенд, влакно не им фали.