- Еден од најдолговечните фудбалери во еден клуб, капитенот и легенда на Атлетик Билбао, 31-годишниот Икер Муниаин во клупската соблекувална снимил видео во кое најавува дека заминува од „Сан Мамеш“.
- Муниан цели 15 години е член на првиот тим на баскијската гордост. Дебитираше на 16 години. Со 576 одиграни натпревари е втор на вечната листа фудбалери со најмногу настапи за Атлетик Билбао, зад неприкосновениот Хозе Анхел Ирибар кој запишал 614. Муниан постигнал 78 гола за Атлетик Билбао.
- Никој не знае што планира за иднина, а шпанска Марка пишува дека Икер е голем навивач на Ривер Плејт и дека го бодрел овој тим на легендарното финале на Копа Либертадорес играно во Мадрид на „Бернабеу“.
- Муниан и Билбао во ниту еден нивен договор немале никакви клаузули и услови. Единствено доверба и чиста љубов еден кн друг.
- Прочуениот македонски кардиолог Сашко Кедев утрото на Велигден се качил на врвот Макалу висок 8.485 метри, петтиот највисок врв на светот и стана првиот Македонец кој го искачи овој врв.
- Успешната експедиција била составена од четворица меѓународни алпинисти и петмина шерпаси. Кедев одел со искусниот Кили Пемба Шерпа.
- Планинарското резиме на проф. д-р Сашко Кедев е импресивно: со Макалу (8.485 метри надморска висина), има вкупно 10 од 14-те „осумилјадарки“. Кедев претходно ги качи Монт Еверест (8.848), Нанга Парбат (8.126 метри), Анапурна (8.091), Чо Оју (8.188), Броуд Пик (8.051), К2 (8.611), Далагири (8.167), Манаслу (8.163) и Лоце (8.516).
- Откако Парма обезбеди сигурен пласман во Серија А како прва во втората италијанска лига, на коло пред крајот по нивен пат би можел да тргне и Комо.
- Тренерот на Комо Франсеск Фабрегас, легендарниот фудбалер на Арсенал, Барселона и Челси, би можел да го оствари сонот чекан во Комо цели 22 години.
- Комо е втор на табела со 72 бода, а трета е Венеција со 70. Во последното коло Комо дома ја пречекува Козенца, а Венеција ќе гостува кај Специја. Во случај на триумф, клубот во кој акции имаат повеќе бизнисмени и познати фудбалски лица меѓу кои и Тиери Анри и Денис Вајс, би можел да се врати во Серија А првпат после 2002-ра година.